Објектот е сместен помеѓу две соседни структури во густото централно урбано јадро на Барселона. Фасадното обликување, дизајнирано како напластени слоеви, кон внатрешноста е изведено од стаклена обвивка и челична конструција, додека екстериерната обвивка е изведена од дрвени панели чиј патерн создава ритмична пенетрација на природното осветлување.
Одржувајќи го дискретниот и ненаметлив израз на архитектoнскиот израз на опкружувањето, дрвото како завршен детаљ на фасадното обликување функционира како филтер помеѓу ентериерот и екстериерот, одржувајќи ги мирот и приватноста од динамичниот урбан свет.