Се продава домот на славниот американски писател Марк Твен во Кентаки, САД. Оригиналната куќа писателот ја изградил во 1908 година, која изгорела во пожар во 1935 година, но подоцна била повторно обновена според истиот план, само во помали размери. Со површина од 5.610 квадратни метри, овој дом се наоѓа на површина од 28 хектари, на улица именувана според писателот . Куќата има оригинални камени столбови, железни порти, кружен пристап за автомобили изграден од камен и камени тераси. Тука се и четири спални соби, четири бањи, две полукупатила, базен, гаража за три автомобили, простории за послуга и негувани градини.