Насловна / Архитектура / Домино кула во Занзибар може да биде втората највисока зграда во Африка

Домино кула во Занзибар може да биде втората највисока зграда во Африка

Танзанија ги откри плановите за изградба на кулата Домино, втората највисока зграда во Африка. Имено, њујоршката архитектонска фирма xCassia, со претставништво во Дубаи, потпиша договор со танзаниската група AICL и компанијата Crowland Management од Единбург за дизајн на 70-катна кула во полуавтономниот архипелаг Занзибар.

Кулата, чија изградба ќе чини неверојатни 1,3 милијарди долари, ќе има 560 луксузни соби, терен за голф, капела за венчавки, како и приватна марина за јахти и крстосувачи.

domino1

Кулата Домино црпи инспирација токму од домино – односно, архитектонската форма е таква што зградата изгледа како домината да се наредени едно по друго. Кулата постепено се намалува кон основата и се врти околу себе, формирајќи залив и пристаниште за јахти среде Индискиот Океан.

Жан-Пол Касија, основач на архитектонската фирма xCassia, вели дека идејата за проектот потекнува од 2009 година во Париз. “Сонував да го изградам овој проект повеќе од една деценија“, вели тој.

Сепак, дали проектот навистина ќе се реализира, се уште е неизвесно. Имено, изградбата на кулата Домино би зела 60 отсто од целиот годишен буџет на земјата, што изнесува приближно 3,17 милијарди долари за 2021/2022 година, пишува Archpapaer.

Проектот е во согласност со плановите на Занзибар да развие нови хотели и други туристички атракции како дел од стратегијата „Сина економија“, која се обидува да привлече меѓународни инвестиции. Сепак, времето ќе покаже дали плановите се реални и дали вреди да се ризикува.

Од друга страна, самата локација е сомнителна, имајќи предвид дека кулата би била изградена на вештачки остров. Имено, се поставува прашањето како објектот би реагирал на поплави и постојан пораст на нивото на морето поради глобалните климатски промени.

Кулата Домино не е навистина првпат идејата првично да се претстави. Кон крајот на минатата година, малку изменетата верзија го претстави планот за изградба на зграда на виетнамскиот залив Ха Лонг со 99 ката и висина од 540 метри. Вестите од понатамошниот развој наскоро престанаа да се објавуваат, и останува да видиме дали овој објект во Занзибар ќе ја доживее истата судбина.

Испрати коментар

Scroll To Top