Насловна / Вести / Домаќинствата во Виена сами управуваат со производството и потрошувачката на енергија

Домаќинствата во Виена сами управуваат со производството и потрошувачката на енергија

hausmaster-viena

Компанијата за снабдување со енергија „Wien Energie“ од Виена, го проширува својот деловен модел и на потрошувачите им нуди нова услуга: можност сами да произведуваат, складираат и рационално да ја користат електричната енергија. Новата услуга под името „HausMaster“ за една семејна куќа опфаќа: фотоволтаичен систем, акумулатор на енергија, електричен грејач, станица за полнење на разни уреди и метеоролошка станица.

hausmaster-tablet

Сите компоненти се поврзани со помош на специјален софтвер. На овој начин „HausMaster“ овозможува потрошувачот сам да произведува струја, да ја складира и да ја користи според неговите потреби. Електричниот грејач ја користи електричната енергија за генерирање на топлина, а станицата за полнење овозможува погон за електричен автомобил. Накратко, новиот систем на корисниците им овозможува оптимизација на потрошувачката на енергија и ги прави независни.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top