Насловна / Вести / Дом за стари лица „Втора младост“ почна да се гради во општина Илинден

Дом за стари лица „Втора младост“ почна да се гради во општина Илинден

Камен-темелник на Дом за стари лица – Дом за живеење и нега „Втора младост“, беше поставен во општина Илинден, во присуство на градоначалникот на општината Жика Стојановски и инвеститорот, сопственикот на градежната компанија „Адора инженеринг“, Ванчо Чифлиганец.Dom za nega i zdravje - Vtora mladost- 1

Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 4,5 милиони евра, со што ќе се овозможи отворање на 30 до 40 нови работни места.

„Познат е фактот дека меѓу најзначајните надлежности на општината се издвојува локалниот економски развој и урбанистичкото планирање на просторот, преку кои на инвеститорите што сакаат да основаат свој бизнис им нудиме квалитетни и привлечни локации, меѓу кои е и оваа на која денес почнува да се гради Дом за стари лица“, рече градоначалникот Стојановски.

Чифлиганец смета дека во општина Илинден, со изградбата на овој дом, почнува да се реализира едно хумано дело.DSC_4623

„Целта на ‘Адора инженеринг’ е со овој инвестициски зафат, што се реализира на атрактивна локација до главната сообраќајница во општина Илинден, во Македонија да се понуди европски квалитет на нега, грижа и живеење во комплексот ‘Втора младост’, каде што возрасната популација ќе може во квалитетни услови да домува, да се лекува, да се рекреира, да се забавува и да си го разубави животот“, рече Чифлиганец, додавајќи дека во домот ќе живеат околу 150 возрасни лица.DSC_4811

Чифлиганец најави дека во план е ова место да биде рекреативен комплекс, кој покрај дом за живеење ќе има и многу други содржини, проект што ќе се реализира во соработка со Општина Илинден и Владата.

Испрати коментар

Scroll To Top