„Четири погледи“ е дизајн на студиото AR, кое истражува и се занимава со тоа како добрата архитектура може да влијае на здравјето.
Дизајнерите ја истражувале врската помеѓу изграденото опкружување и психофизичката состојба на корисниците, а главните принципи во нивниот дизајн се секогаш природата, природната светлина и природниот воздух.
Сите решенија на дизајнот бараат поврзување со животната средина. Застаклените ѕидови овозможуваат природна светлина и воздух, давајќи далечни погледи на три страни, и еден кој е фокусиран на внатрешен двор – место за одмор и релаксација. Токму овие погледи го даваат имато на куќата.
Приземјето е подигнато, со дневна соба сместена на горниот кат, каде прозорците го преплавуваат просторот со природна светлина па така сопствениците можат да уживаат во прекрасните погледи. Спалните се сместени на приземјето, пријатно повлечени за да можат да излегуваат кон градината.
Кедровото дрво се користи за обложување на екстериерот и дава чувство на мир. Ова е дефинитивно куќа во која се живее позитивно.