Становите кои во себе носат архитектонска тежина на внатрешниот дизајн се секогаш интересни за разгледување и анализирање од наша страна.
Токму ваков и овој стан кој се наоѓа во Луксембург и е дом на едно младо семејство, кое има изострен вкус за естетика и стил.
Стилот на дизајн во кој е изведен овој стан, може да се каже дека е индустриски, користејќи го бетонот и металот, но надополнет со традиционални елементи и парчиња мебел кои му даваат некоја трета димензија, топлина, човекомерност, природност и слично.
Пространиот простор во кој е сместен дневниот престој се карактеризира со длабока „Г“ софа, надополнета со дополнителни седечки елементи кои се погодни за собирање на повеќе гости во овој стан.
Исто така, во овој простор се сместени и трпезаријата, кујната и еден мал бар со маса за разговори за двајца.
Материјалите кои се искористени, како дрвото, кожата и сивкастиот текстил, на овој простор му создаваат одличен амбиент кој е многу пријатен и ги примамува гостите да престојуваат во него и да останат што подолго, чувствувајќи се како дома.