Данската дизајнерска двојка „Студиомама“ купила еднокатна куќа во северен Лондон со цел да ја преуредат, а она што е најинтересно е фактот што на располагање имале само 13 метри квадратни.
Идејата за реновирање на вака мал простор, дизајнерите и основачите на „Студиомама“ Нина Толструп и нејзиниот сопруг Џек Мама ја пронашле во уредувањето на ентериери на малите каравани и бродови, каде примарната цел е максимално искористување на малиот простор.
Овој пат нивната цел била да направат флексибилен животен простор кој изгледа поголем отколку што навистина е. Мебелот е повеќефункционален, а пастелните тонови се протегаат од жолти, преку розови до сини.„ Вака мал простор мора да биде дизајниран како караван или бротче. Се мора да биде направено по нарачка. Нема доволно простор за полици, што ни претставуваше предизвик.
Употребата на доминантниот материјал направи да изгледа како просторот да се спојува во една целина. Материјалите се нежни и топли, па куќата изгледа навистина удобно“, открива Толструп за архитектонското списние Dezeen.
Видео: