Hill House на Andrew Maynard од австралијанското архитектонско студио АМА е доказ за тоа како анексот не претставува само обично и „здодевно“ додавање на формата на куќата.
Неодамна реализираниот проект се наоѓа близу до австралискиот град Мелбурн. Оригиналната куќа била вкопана во вештачки рид на кој лежи монолитниот анекс. Куќата е лоцирана на долга и тесна површина и е ориентирана кон север со што се соочува со недостиг на светлина.
Поради ова, новиот волумен нема само естетска вредност, туку зад себе има и практично решение на проблемот, односно да апсорбира сончева светлина. Со оглед на тоа што околината и градот се на рамнина, постојат можности за обликување и формирање на приватен пејзаж.
Доминантни бои во екстериерот се природна зелена, проследена со црна која истовремено е контрастна и комплементарна. Во ентериерот преовладува чувство на топлина благодарение на дрвените облоги на ѕидовите.