Насловна / Архитектура / Дом од кедар над кањон во Јута

Дом од кедар над кањон во Јута

Локалното биро Sparano + Mooney Architecture постави два конзолни волумени обвиткани со црн кедар над кањон во близина на Солт Лејк Сити, Јута, САД.

4

Домот, наречен Wabi Sabi Residence, завршен во 2020 година е собјект од 370 квадратни метри на парцела од девет хектари на планинскиот венец Wasatch Range.

1

Sparano + Mooney Architecture ја проектирале куќата со три спални соби од два волумена со застаклени краеви од подот до плафонот што лебдат над пејзажот.

2

Северниот волумен е ориентиран долж оската од исток кон запад и ги содржи приватните простори, додека јужниот волумен, ротиран за 45 степени долж оската на кањонот, ги содржи јавните простори кои гледаат на пејзажот и градот.

7

Бетонските постаменти ги поврзуваат волумените обложени со дрво со пејзажот, а серија челични ѕидни носачи, поставени во термички ѕид, ги носат конзолите со должина 5,6 метри и 7,3 метри.

11

„Сакавме да ја допреме парцелата со леснотија, така што домот се надвива над локацијата, се приземјува на влезот, а потоа лебди над пејзажот додека се движите низ куќата“, велат архитектите за Dezeen.

12

„Куќата проектирана на овој начин ни помогна да го минимизираме влијанието врз оваа природна локација и да го намалиме ископувањето“.

3

Куќата е обложена со Western Red Cedar Select што го референцира пејзажот и придонесува за намалување на градежниот отпад со користење на табли од 4,2 метри што се протегаат од основата на надворешниот ѕид до парапетите во цело парче.

6

Користејќи ја јапонската естетска филозофија на wabi-sabi – убавината на несовршеното и нецелосното – северниот волумен користи завршен слој од природен кедар, додека на јужниот волумен, кедарот е обоен во црно.

5

Филозофијата на материјалот се протега и на изборот на ентериерот, опремата и мебелот, создавајќи простори кои слободно течат од внатре кон надвор со комбинации на светли и темни елементи.

9

Сместена на падина, нивото на подрумот вклучува канцелариски простор со приватна тераса, а каминот во дневната соба е одраз на надворешниот камин за собири.

Надворешниот камен под продолжува во просториите за живеење, а завршната обработка на плочките со голем формат и полното дрво го кријат системот за греење.

13

Куќата е проектирана да постигне LEED Gold сертификат преку пасивни и активни системи.

„Објектот се наоѓа во планинско подрачје и минимално го нарушува пејзажот, кој е надополнет со автохтони растенија и дрвја отпорни на суша“, вели тимот.

10

15

16 8

Испрати коментар

Scroll To Top