Насловна / Вести / Дом направен по мерка на фотограф

Дом направен по мерка на фотограф

Архитектурата на далечна Јапонија секогаш воодушева, како и нивната минималистичка животна филозофија. Архитектонското студио FORM/Kouichi Kimura Architects претстави фасцинантна резиденција во местото Шига, Јапонија, која ќе служи како студио и е дом на еден од локалните фотограф.

Проектот носи специфичен наслов House for a Photographer, а самата куќа се наоѓа во станбена област, во близина на еден храм.јапонија_2

Клиентот барал мултифункционален простор во кој може да твори, но во исто време да ја има топлината на домот. Како краен резултат тој токму тоа и го добил. Кога објектот се гледа од надвор, делува мошне студено, особено кога ќе се земе во предвид дека нема класични прозорци.јапонија_4

Ентериерот е, пак, направен од две варијанти на материјали, кои потоа ја претставуваат двојната функција на објектот. Дел е дизајниран така што во него доминира бетонот и има исклучително минималистички современ тренд, додека во вториот дел, во кој се живее, исполнет е со елементи од дрво кои на целиот простор му даваат посебна топлина. Бидејќи се работи за дом и студио на фотограф, на моменти делува како да е изложбен простор.јапонија_1 јапонија_3 јапонија_5 јапонија_6 јапонија_7 јапонија_8 јапонија_9

Испрати коментар

Scroll To Top