Поради количината на зеленило, движењето низ оваа виетнамска куќа создава чувство дека сте во зелена оаза на природата, а не во куќа во град.
Проектот за куќата од 450 метри квадратни со симболичко име Park Roof House е потпишан од архитектонското студио MDA Architecture, кое успеа да ја исполни желбата на клиентите да добијат мирно место за да се релаксираат со многу зеленило, светлина и апсолутна приватност.
Затоа, архитектите ја организирале куќата во два дела поврзани со целосно зелен централен простор, кој ја постигнал посакуваната приватност, но просторот исто така би можел да се подобри.
Централниот простор има мешана содржина, има бројни зелени балкони и скалила кои се индивидуално прилагодени на секоја зона и се разликуваат по формата и организацијата за да се избегне повторување за време на движењето, но исто така да се добие максимална употреба, пишуваат архитектите за ArchD Daily.
Зеленилото се пренесува од внатрешните балкони на терасата на покривот, а покрај зеленилото, врската меѓу овие простори е постигната и со материјализација. Балконите, како и масивните жардинери на терасата на покривот, се изработени од црвена тула, за да личат на традиционални садови за растенија во боја на теракота.
Со оглед на тоа што куќата се наоѓа во урбано ткиво на град кој рапидно расте и нема блиска врска со парковите, архитектите решија да ја хибридизираат терасата на покривот во „тераса парк“. На овој начин, на членовите на семејството им е овозможено да останат во својата куќа и во исто време да уживаат во утринските активности или да вежбаат под дрвјата на нивната тераса.
Бидејќи терасата на покривот е пространа, оставена е одредена количина на слободен простор за идно можно одгледување зеленчук и други растенија.