Познатиот дизајнер Ross Lovegrove, ги отвори вратите на сопствениот дом за јавноста и покажа што содржи овој прекрасен објект на четири ката.
Поранешна фабрика за играчки е претворена во куќа, која неговата сопруга ја уредила така што сегашната пазарна цена е 18,5 милиони долари и во моментов е понудена за продажба. Во објектот, кој се наоѓа во мирниот, северен дел на Нотинг Хил, сместен е животниот простор на оваа брачна двојка, кој, исто така, претставува и работилница и изложбен простор на дизајнерот.
Иако екстериерот е претежно обмислен во традиционална архитектура која доминира во околината, ентериерот на куќата на Ross Lovegrove e еклектички дизајниран со многу детали, кои се дел од иновативната естетика на Lovegrove, пишува Designboom.
Работниот простор се наоѓа во подрумот и приземјето на куќата, а двете нивоа се поврзани со „ДНК“ скали и скулпторски дизајн, креирани од страна на Lovegrove.
На првиот кат на објектот се организирани спалните соби, додека последниот кат е уреден како дневна зона во која се наоѓаат дневната соба и кујната со трпезарија. На овој кат се наоѓа и кровна тераса.
Целиот простор е исполнет со многу дизајнерски детали кои се во духот на творештвото на Lovegrove. Во работниот простор, интересен детаљ е транспарентниот под. Исто така, еден од интересните елементи во ентериерот е и лизгачката врата со висина 2,5 метри. Се разбира, во целиот објект доминира спектар од дизајнерски парчиња мебел, што го прави овој простор уникатен.