Вкупната должина на кинеската железничка мрежа изнесува 141.400 километри, од кои 36.000 километри се пруги за големи брзини, соопшти Кинеската железничка корпорација.
Кина во јули вложила 67,1 милијарда јуани, односно околу 9,67 милијарди американски долари во железничка инфраструктура, што е раст за 3,6 отсто во однос на јули минатата година, наведува Кинеската железничка корпорација.
Инвестициите во големи и средни железнички проекти достигнале 49,9 милијарди јуани во јули, што е раст од 11,3 отсто.
Повеќе од 1.310 километри нови железнички линии, оваа година се пуштени во работа за само седум месеци, вклучувајќи и 733 километри пруга за големи брзини, се наведува во соопштението.