Со Спогодбата за Системот за трговија со емисии на ЕУ (EU ETS agreement), на сите авиокомпании кои работат во Европа, без оглед дали станва збор за европски или не, им задава обврска за следење, известување и верификација на своите емисии и да ги предадат за дозволи за емисиите. Освен директните емисии на CO2, овде спаѓаат и други гасови со ефект на стаклена градина и тоа со многу поголем потенцијал во однос на глобалното затоплување од јаглерод диоксидот. Токму мерењето на овие други гасови предизвикало негодување кај многу компании.
Transport & Environment изнесе информација дека Европската Комисија под влијание на притисокот од традиционалните авиокомпании, ги исклучила долгите летови од договорот постигнат со спогодбата за EU ETS. Тоа значи дека на ваквите летови не се следат емисиите кои не се однесуваат на CO2. На овој начин нема да се довбие целосна слика за тоа колку авионите придонесуваат за климатските промени, со оглед дека ова ќе резултира во исклучување на околу 67% од вкупните емисии. Со првобитниот договор, со шемата на следење на овие не- CO2 емисии требаше да почнат сите летови од јануари 2025 година, но со новата одлука, ова ќе се одложи за две години.