Перењето алишта, иако денес рутинска работа, може да биде вистински проблем ако сте на пат, или пак сакате да исперете само едно парче. Уредот што во продолжение Ви го презентираме претставува еден нов начин односно техника на перење. „Dolfi“ е мал, преносен ултразвучен уред кој „нежно ги пере алиштата“. Многумина ќе речат дека ваквиот пристап е згоден за мрзливите луѓе, но ова значи намалување на потрошувачката на вода и енергија.
Системот работи едноставно – ултразвучните бранови минуваат низ ткаенината и со мали вибрации ја одвојуваат нечистотијата од ткаенината. Во случај на тврдокорни флеки се додава детергент. Името „Dolfi“, овој уред го добил по делфините, кои користат ултразвук. Најбитниот податок е дека „Dolfi“ е до 80 пати енергетски поефикасен од конвенционалните машини за перење алишта.