Насловна / Арт и дизајн / Dolce & Gabbana и Smeg креираа уметност од апаратите за домаќинство

Dolce & Gabbana и Smeg креираа уметност од апаратите за домаќинство

Dolce i Gabana aparati za domakjinstvo

Модната куќа Dolce & Gabbana и  италијанскиот производител на апарати за домаќинство Smeg, ги здружија силите со цел досадните апарати за домаќинство да ги претворат во уметност. Иако се занимаваат со различни дејности, компаниите негуваат љубов кон традицијата и вистинските вредности, па во комбинација со креативноста создале необична колекција на апарати за домаќинство.

Dolce i Gabana aparati

Колекцијата ја сочинуваат: миксер, тостер, бокал, соковник, апарат за кафе и блендер. Апаратите се претставени на саемот во Милано. Оваа соработка меѓу двете компании не е новост. Претходно, тие заеднички дизајнирале фрижидер кој наводно се продавал за 30.000 фунти.

Dolce i Gabana Cajnik i solja

Во колекцијата Sicily is my Love доминираат јаки бои и традиционални мотиви од Сицилија. На секој апарат пишува Made in Italy и секој од нив е уникатен примерок. Колекцијата нема да биде во продажба до крајот на годината, а цените сеу ште не се објавени.

Dolce i Gabbana-Milan-izlozba na aparati za domakjinstvo

Dolce i Gabana frizider

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top