Најдобрата резиденцијална зграда на светот – славната „осумка“ (8Tallet), која е сместена во предградието на Копенхаген, е опишана во документарниот филм „Бесконечна среќа“.
Легендарната зграда која е дело на познатиот и наградуван архитект Bjarke Ingels, се смета истовремено и за социолошки експеримент, неисцрпна инспирација, а меѓу другото, и туристичка атракција. Зградата е пример за одржлива архитектура, но и одржлива заедница.
Документарниот филм е реализиран од Bek и Louis Lemoin, архитекти, документаристи и животни партнери кои креираат нови наративни филмски форми за современата архитектура.
Тие живеат и работат во Париз а предаваат на престижниот Универзитет Колумбија. Филмот е дел од колекцијата на Музејот на современа уметност (MoMA) во Њујорк. Неодамна овој филм е прикажан во Загреб.