Скопје ’63 е црно-бел југословенски документарен филм, снимен во 1964 година во режија и монтажа на Вељко Булајиќ. Филмот ги прикажува последиците од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, како и спасувачките операции и хуманитарната помош која му пристигна на градот од другите делови на Југославија и од многу земји во светот.
Булајиќ почнал да го снима филмот неколку дена по земјотресот и поминал вкупно четири месеци на локациите, а потоа поминал 12 месеци работејќи на монтажа во студијата на Јадран филм. Скопје ’63 е прикажан надвор од конкуренција на Канскиот филмски фестивал, а потоа и на Филмскиот фестивал во Венеција каде освои „Златен лав“ за најдобар документарен филм. Скопје ’63 исто така го претставуваше официјалниот кандидат на СФРЈ за Оскар за најдобар странски филм.