Малиот приватен остров се наоѓа на територијата на државата Флорида, на околу 40 километри од градот Ки Вест.
Островот му припаѓал на рок ѕвезда, кој сакал да остане анонимен.
Со површина од 5,24 акри, Melody Key Lodge е вистински мал рај, доволно оддалечен од градската гужва, но она што го прави овој остров интересен е фактот што тој е целосно енергетски независен.
Покрај соларниот систем, островот, исто така, има резервен генератор, како и систем за десалинизација на водата.
Во рамките на островот има два објекти како дрвени конструкции. Додека помалиот објект служи како помошен објект до базенот, а во вториот има пространа кујна со трпезарија, дневна соба и три спални соби со бањи.
Со сите удобности кои самата локација ги нуди на ова место, многу сметка се водело за самоодржливоста за да може независно да функционира, пишува Inhabitat.
Дколку на идните сопственици не им е доволен поглед на океанот од 360 степени, може да користат безжичен Интернет кој функционира на целиот остров.