Насловна / Екологија / Дојран добива модерна пречистителна станица

Дојран добива модерна пречистителна станица


По скоро три децении од изградбата, еден од блоковите на станицата за прочистување на отпадните води беше комплетно реконструиран. Новиот дел во кој е вградена најсовремена технологија е проектиран со капацитет за околу 10.000 домаќинства, а тоа значи дека само со еден блок Дојран го решава прооблемот со отпадните води за наредните дваесет години.

„Важен и значаен проект за нас. Она што го аплициравме како проект кој беше осмислен за заштита на животната средина веќе е на виделина. Понатаму ова ќе значи голема заштита на самото Дојранско Езеро. Претходно ако не работела прочистителната станица во оној капацитет како што треба, по завршувањето и пуштањето во уптреба ќе имаме една од најсовремените прочистителни станици во Македонија, направена со најсовремена технологија, и водата што ќе излегува од прочистителната станица ќе биде со еден висок квалитет, на едно високо ниво, во согласност со нормите што ги бараат во Европската Унија“, вели Борче Стамов, градоначалник на општина Дојран.

Испрати коментар

Scroll To Top