Македонската градежна оператива во првите шест месеци од годинава договорила градежни работи во странство во вкупна вредност од 2,96 милијарди денари, што е за 56,8 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во овој период, пак, градежната оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 968.529 илјади денари што е за 38,6 повеќе во споредба со лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемен обем на извршените градежни работи е забележан во Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија, а на другите пазари обемот е намален.
Како нови пазари се јавуваат Косово, Австрија, Албанија, Србија, Полска, Словенија, Грција и Црна Гора.