ACWA Power, енергетска компанија со седиште во Саудиска Арабија, потпишала меморандум за разбирање со Египетската управа за нова и обновлива енергија (NREA), за доделување на земјиште за проект во ветерна електрана со инсталирана моќност од вкупно 10 GW. Меморандумот за разбирање доделува приближно 3000 km2 земјиште за потребите на проектот.
Овој огромен ветерен парк се очекува да произведува 50.000 GWh енергија годишно, снабдувајќи со енергија околу 11 милиони домаќинства. Се прогнозира дека оваа ветерна електрана ќе обезбеди заштеди од околу 6,5 милијарди американски долари за земјата во вид на оперативни трошоци кои инаку би се потрошиле за природен гас. Ќе бидат отворени околу 45.000 работни места во фазата на изградба, а околу 2.500 во фазата на експлоатација на постројките. ACWA Power е девелопер, инвеститор и оператор на поголем број електрани и постројки за десализизација на вода во 10 земји.