Челниците на Италија, Израел, Грција и Кипар, ветија дека со поддршка на ЕУ ги продолжуваат напорите за реализација на најдолгиот подморски гасовод со кој гасот од источниот Медитеран ќе стигнува во јужна Европа. Министрите за енергетика на четирите земји и европскиот повереник за климатски акции и енергетика Miguel Arias Canete, на заедничката конференција за новинарите во Тел Авив беа едногласни во врска со приоритетите за проектот. Физибилити студиите за гасоводот Израел-Кипар-Грција-Италија, инвестиција вредна 5,8 милијарди евра, се веќе изработени, додека планот за реализација ќе биде во целост завршен до крајот на 2017 год.
Гасоводот ќе биде долг 2200 километри а на некои делници ќе достигнува длабочина од 3 километри. Тој ќе обезбеди гас за Европа од Изреал, но и од неодамна откриените наоѓалишта во Левијатан на Кипар. Се очекува овој значаен инфраструктурен проект да биде во функција од 2025 година. Една од главните придобивки на проектот е намалување на зависноста на Европа од рускиот гас.
Извор: Croenergo