Насловна / Вести / Договор за патот Бар – Бољаре

Договор за патот Бар – Бољаре

autoput bar boljare cg

Министерот за финансии на Црна Гора Радоје Жугиќ со претставниците на кинеската „Ексим“ банка потпиша договор за финансирање на приоритетната делница од автопатот Бар-Бољаре.

Вкупната вредност на финансирањето и проектирањето изнесува 809,6 милиони евра. Од тие средства 85 проценти ќе бидат обезбедени од кредитот на „Ексим“ банка, а преостанатите 15 отсто ќе бидат обезбедени од црногорската влада, пренесе ТВ на Црна Гора.

Порано беше соопоштено дека кредитот е договорен со рок на отплата од 20 години, вклучувајќи и шестгодишен период на одлагање на почетокот на отплатата. Годишната каматна стапка е договорена да биде 2 процента. Автопатот Бар-Бољаре е најголем и најсложен прокт во историјата на Црна Гора.

Вкупната должина од Бар до Бољаре, на границата со Србија, е 169,2 километри. Приоритетната и најтешка делница Смоковац-Матешево е долга 41 километар, од кои повеќе од 17 километри отпаѓа на тунели, три на мостови и речиси половина километар на вијадукти.

После потпишувањето, со содржината на договорот ќе биде запознат парламентот, кој треба да усвои Закон за автопатот, а после тоа ќе почнат и работите на неговата изградба.

Испрати коментар

Scroll To Top