Денес (22 декември) во Музеј на град Скопје со почеток во 20 часот, ќе се одржи доделување на Големата годишна награда за архитектура, која традиционално се организира под покровителство на Претседателот на Република Македонија.
Наградата во организација на Асоцијација на архитекти на Македонија е спонзорирана од Македонска авторска агенција и поддржана од Министерство за Култура.
Воедно, свеченоста е и можност за новогодишна средба за архитектите и членови на ААМ.