Утре, 12 ноември, со почеток во 19.00 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде одржано свечено отворање и доделување на Главната награда за архитектура на град Скопје. Манифестацијата „Архитектура Скопје 2014“ е традиционална и веќе 15 години се одржува во чест на 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, а се реализира под покровителство на Град Скопје.