Насловна / Вести / Доделени првите 200 сертификати за тренери за енергетски ефикасно градење

Доделени првите 200 сертификати за тренери за енергетски ефикасно градење

Gradezni rabotnici1

Во Стопанската комора на Македонија  беа доделени сертификатите на првите 200 тренери кои ја поминаа обуката за инструктори и тренери за градежни работници за градење енергетски ефикасни згради, во рамки на проектот „Build Up Skills“.

Проектот е иницијатива на Европската комисија за постигнување на енергетските цели 20 20, а Македонија учествува преку конзорциум предводен од Стопанската комора.

– Македонија е единствена земја надовор од земјите на ЕУ која е вклучена во овој проект. Затоа  со особено внимание го работиме проектот и ги едуцираме тренерите, а понатаму и работниците за земјава да ги достигне целите  што се зацртани во стратегиите за енергетска ефикасност на Република Македонија и на Југоисточна Европа за намалување на потрошувачката на енергија, изјави Јадранка Аризановска од Стопанската комора пред почетокот на доделувањето на сертификатите.

Таа нагласи дека токму градежните објекти се класифицирани како најголеми потрошувачи на електрична енергија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top