Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски додели нови решенија за легализација на дивоградби на 50 жители од општината.
Со тоа, бројот на легализирани објекти во општината се искачи на 2922, се вели во соопштението на локалната власт.
„Бенефитот од заедничкото заокружување на процесот на легализацијата ќе биде заеднички. Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти , а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови ,во кој ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што е крајна цел на овој процес“ истакна Митровски.
Тој упати апел до граѓаните кои немаат изготвено геодетски елаборат истото да го сторат во најкраток рок и потсети дека крајниот рок за доставување елаборат со новите законски измени е крајот на декември 2015 година, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и геодетските компании.