Општина Гази Баба со денешните 54, има доделено околу 5.584 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица, од околу 16.000 поднесени барања за легализација од страна на граѓаните.
Воведени се повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите, преку тимовите формирани да постапуваат по барањата за легализација, кои се составени од вработени во општината и дополнително ангажирани волонтери, информираат од општината.