Насловна / Вести / Доделени 3.504 решенија за легализација на дивоградби во Кисела Вода

Доделени 3.504 решенија за легализација на дивоградби во Кисела Вода

kisela voda

Продолжува легализацијата на бесправно изградени објекти во општината Кисела Вода. Нови 50 решенија за легализација беа доделени, заклучно со кои досега се легализирани вкупно 3.504 дивоградби, или една третина од поднесените 11.877 барања за добивање на правен статус на објектот.

Решенијата на граѓаните им ги врачија градоначалникот на општината Билјана Беличанец-Алексиќ и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Наведувајќи ја бројката од 3.504 решени предмети, таа истакна дека бенефитот од легализацијата е заеднички.

„Имаме издадено 3504 решенија,со кои сопствениците веќе можат да земаат кредит, хипотека, имотот ќе можат да го остават во наследство на своите поколенија. Општината пак, може да носи нови урбанистички планови во кои ќе ги впише новолегализираните објекти. На овој начин, сите заедно даваме свој удел во рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Заедно учествуваме во креирањето на средина во која секој од нас сака живее“, додаде Беличанец-Алексиќ.

Испрати коментар

Scroll To Top