Balkrishna Doshi вчера е прогласен за овогодишен добитник на наградата Pritzker. Тој на возраст од 90 години стана најстариот лауреат и прв индиец на кој му припадна најугледното признание во архитектурата, кое го нарекуваат Нобел за архитектура.
Роден е 1927 година во Pune, Индија. Студирал архитектура на Sir J.J . School of Architecture Bombay (Mumbai), најстар и најпрестижен универзитет во Индија.
Ученик е на Le Corbusie, се прославил со архитектура на модерната, раскинувајќи со дотогашната традиција, но во своите проекти вградил аспекти на индиската култура и традиција. Познат е по тоа што се завзема за одржлива архитектура и по концептот на станови кои не се скапи и овозможуваат дом за секој човек.
Помеѓу големиот број реализации се истакнува станбениот комплекс Aranya во индиската држава Madhya Pradesh. Тоа е огромен проект, еднокатни згради изградени 80-тите години кои претставуваат одговор на Doshi на станбената криза во регионот. Во комплексот денес живеат 80.000 жители.
комплекс Aranya
“Неговите реализации ја почитуваат источната култура и притоа го подобруваат квалитетот на животот во Индија“ истакнува жирито во образложението на наградата.
Кога дознал дека е добитник на Pritzker коментарот на Doshi е „оваа награда му јадолжам на мојот гуру Le Corbusie“
комплекс Aranya
куќа Камала
Центар за животна средина и технологија
Институт за Индологија