Насловна / Вести / Доделена EUROPEAN GREEN CAPITAL AWARD 2017: Германски Есен најзелен град во Европа

Доделена EUROPEAN GREEN CAPITAL AWARD 2017: Германски Есен најзелен град во Европа

Германскиот град Есен е добитник на наградата Европски зелен град за 2017 година. Наградата беше доделена од страна на Кармену Вела, комесарот на ЕУ за животна средина, поморски прашања и рибарство, на церемонијата во Бристол. Оваа престижна европска награда градот Есен ја добива по Љубљана, Словенија, која ја понесе оваа награда за 2016 година.8

Есен е деветиот по големина град во Германија со вкупно 574.000 жители, позициониран во Рур во сојузната држава Северна Рајна – Вестфалија. Ииндустриската историја на градот е поврзана со подземни операции и експлоатација на јаглен која започнала во почетокот на 19 век. Последниот рудник за вадење јаглен е затворен во 1986 година и од тогаш Есен се развива во финансиски центар кој обезбедува вработување за околу 80% од работната сила и носи дополнителни 140.000 патници во градот секој ден. Со оглед на своето индустриско минато и големиот број индустриски капацитети кои се дел од градот, Есен претставува првиот „рударски град“ кој ја добива оваа награда.1

Есен го добива ова признание за своите применети практики за заштита и унапредување на природата и биодиверзитетот, како и напорите за намалување на потрошувачката на вода. Исто така, Есен учествува во различни семинари и иницијативи за намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување и зголемување на издржливоста на градот во борба со климатските промени. Со цел да ја заштити природата и биодиверзитетот, Есен има изградено „зелени коридори“ по должина на реката Емшер. Градот, исто така, прави напори да се претстави како „Град во трансформација“, со преодот од индустриски во финансиски центар.2

Есен, заедно со сите претходни добитници треба бидат пример за другите градови кои се стремат да ги подобрат своите еколошки перформанси, охрабрувајќи ги во поглед на примената на иновативни решенија во полето на екологијата.

 Essen

Саем за хортикултура 10 6

Секоја година кон крајот на јануари, во Есен се одржува водечкиот саем за хортикултура во светот. На површина од преку 10 хектари се изложуваат најголемите компании од областа на хортикултурата со презентација на растенија, иновации во производството, одгледувањето и уредувањето на зелените површини. Европската награда за „најеколошки град“ се доделува врз основа на иницијативата и придонесот на локалната самоуправа на европските градови во унапредување на  животната средина. Наградата за првпат се воведува на 22 мај 2008 година, а како прв добитник на оваа награда е Стокхолм во 2010 година. Целта на ова признание е да се наградат оние градови кои посветено работат на оваа проблематика, а од друга страна да ги иницира останатите за да преземат нешто во поглед на квалитетот на живеење.Internationale Pflanzenmesse (IPM ESSEN)

Во суштина, за доделување на ова признание се води сметка на три параметри во работењето и тоа: да се води конзистентна евиденција за постигнување на високи стандарди за животната средина, да се има посветеност и амбициони цели за унапредување и одржлив развој, како и да претставува инспирација за другите градови, споделувајќи ги своите искуства во практика.

На овој конкурс, за веќе европско престижно признание, може да учествуваат сите европски градови кои имаат повеќе од 100.000 жители кои се дел од Европската Унија како и земјите што се кандидати за влез во ЕУ. Во случај одредена држава да нема град со повеќе од препорачаниот капацитет, како кандидат се зема најголемиот град.4 grugapark

Конечната одлука се донесува врз основа на дванаесет точки и тоа: локален придонес во глобалните климатски промени, транспорт, зелени урбани подрачја, производство и управување со отпад, природата и биодиверзитетот, воздух, потрошувачка на вода, третман на отпадни води, еко-иновации и одржливо вработување, управување со животната средина на локалната власт, како и енергетската ефикасност. Наградата се доделува од страна на меѓународно жири составено од експерти во различни области на животната средина.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top