Насловна / Архитектура / Додела на Прицкер: Колегите оддадоа почит на архитектурата на Сер Дејвид Чиперфилд

Додела на Прицкер: Колегите оддадоа почит на архитектурата на Сер Дејвид Чиперфилд

Прицкер одржа церемонијата во чест на лауреатот на оваа престижна награда за 2023 година, Сер Дејвид Чиперфилд. Откако првично беше најавена за мај, церемонијата се одржа минатата недела во античката Агора во Атина.

Церемонијата спонзорирана од Фондацијата Хајат вклучуваше предавање, како и панел дискусија, каде на Дејвид Чиперфилд му се придружија лауреатот од 2022 година Френсис Каре и добитниците на Прицкер за 2021 година, Ен Лакатон и Жан-Филип Васал.

2

Стремеж да се зачува супстанцата на постоечкото

Френсис Каре ја наведе важноста на безвременоста, елеганцијата и топлината на архитектурата на Дејвид Чиперфилд. Исто така, и други претходни лауреати ги споделуваат своите впечатоци за овогодинешниот лауреат.

Така, Ен Лакатон истакнува дека го цени вниманието на архитектот посветено на деталите, како и стремежот да се зачува супстанцата на постоечкото. Прославениот Норман Фостер ја пофали внимателната употребата на композиции од страна на Чиперфилд и умешноста на обликување на светлината преку архитектурата.

5

Други говорници на церемонијата се првата дама на Грција и дизајнерката Марева Грабовски, претседателот на фондацијата Хајат Том Прикер и претседателот на жирито и лауреат за 2016 година Алехандро Аравена.

„Мораме да станеме се повеќе посветени на идејата дека архитектурата има цел и дека архитектонската заедница може да игра поголема улога во тоа како ја планираме нашата иднина“, изјави Сер Дејвид Чиперфилд.

4

Со канцеларии ширум светот, работата на Сер Дејвид Чиперфилд создаде над сто дела, а кои се реализирани во текот на повеќе од четири децении и на три континенти.

Прицкеровата награда за архитектура, највисокото признание во архитектурата, дојде како почит на неговиот „суптилен, но моќен, придушен, но елегантен“ пристап, како и неговата „посветеност на архитектура на подооценетото, но трансформативно граѓанско присуство (…), која постојано е присутна и ригорозна, избегнувајќи непотребни потези, како и трендови и мода“, се наведува во изјавата на жирито.

3

„Ако архитектурата ја гледаме како единствено достигнување на креативноста, направено против доминантната согласност на општеството, во опасност сме архитектурата да ја изолираме како нешто единствено и посебно. Можеби е и сувишно да се каже, но ние како архитекти не можеме да работиме независно. Архитектурата е осмислена преку ангажман и заедничка цел“, заклучи Дејвид Чиперфилд.

Испрати коментар

Scroll To Top