Вонредната ситуација ќе трае некој период. Сите оние архитекти кои се во можност да бидат во своите домови и имаат слободно време, добро е да го искористат за унапредување на своите знаења, способности и вештини. За оние кои сакаат да работат на себе на овие YouTube канали можат да ги унапредат своите вештини во периодот на изолација.
MasterClass: Учете од најдобрите
Ако сакате да ги унапредите своите комуникациски, преговарачки или дизајнерски вештини, тогаш MasterClass е вистинско место за вас. YouTube каналот MasterClass има дури 518.000 следбеници и преку 80 достапни курсеви.
Кели Верстлер подучува за дизајн на ентериери, Френк Гери дава часови од архитектонско проектирање. Цената на курсот изнесува 15 долари месечно.
Balkan Architect
Дигитализацијата на градежната индустрија е неминовност. На пазарот на трудот, познавањето на Revit е мошне барано. За побрзо и поедноставно да го совладате Revit може да ви помогне Милош Темерински, регионален BIM експерт со светски глас.
Милош уште како студент на архитектура направил YouTube канал Balkan Architect, кој денес има 230.000 следбеници, со преку 500 достапни туторијали. Било да сте на почетно или на напредно ниво овој канал може да ви помогне да ги унапредите своите BIM вештини.
OU Graphics: Важен е првиот впечаток
Било да работите на нов проект или на PowerPoint презентација, убедливо графичко прикажување е клучно за јасна комуникација. YouTube каналот OU Graphics може да ви помогне да ги унапредите своите вештини на графичка комуникација, архитектонска презентација и пост-продукција.
Каналот има 140.000 следбеници и повеќе од 50 туторијали кои можат да ви помогнат Photoshop или Lumion да ги користите на креативен и експресивен начин. Туторијалите се интересни, траат неколку минути и можат да ви помогнат да направите цртежи, илустрации и дијаграми кои никој нема да ги заборави.
Френк Гери за својата куќа каде живеел повеќе од 40 години
Овде можете да погледнете како неодамна Френк Гери со својот син Сем, исто така архитект за своето семејство ја завршиле својата куќа во Санта Моника.