Насловна / Вести / Додека Европа се враќа на јагленот, Кина уверува дека е доследна на енергетската транзиција

Додека Европа се враќа на јагленот, Кина уверува дека е доследна на енергетската транзиција

Транзицијата на Кина кон еколошки прифатлива енергија, ќе продолжи и покрај предизвиците поврзани со енергетска криза која ја принуди Европа да се врати на јагленот, а кинеските власти порачуваат дека земјата ќе остане на вистинскиот пат со цел да ги исполни своите цели во однос на намалувањето на емисиите на стакленички гасови. Најголемиот светски енергетски потрошувач и емитер на стакленички гасови, се обидува да воспостави рамнотежа помеѓу своите обврски да ги намали емисиите после 2030 година и потребата да обезбеди доволно енергија.

china1

Притоа, Кина и натаму е подготвена да го зголеми уделот на произведената енергија од обновливи извори во вкупната енергетска потрошувачка за просечно еден процентен поен годишно од сега до 2020 година. Обновливите извори на енергија во минатата година обезбедиле 16,6% од вкупните потреби на Кина, во однос на 15,9% претходната година. Кина ја нагласува важноста на енергетската транзиција, уверувајќи дека втората светска економија нема да отстапи од исполнувањето на климатските цели.  Сепак, бројни индикатори во поглед на енергетскиот развој се контрадикторни и не одат во прилог на овие тврдења.

china3

Имено, потрошувачката на јаглен во Кина ќе се намалува дури од 2026 година, а големите енергетски компании држат рекордни залихи за претсојната зима. Во минатата година Кина започна да гради 33 GW нови капацитети за производство на електрична енергија од јаглен, што е највеќе од 2016 година. Но, истовремено сериозно се инвестира во изградба на офшор ветерни електрани и соларни електрани, а земјата е и еден од најголемите производители на опрема за овие технологии. Само во првата половина на оваа година, Кина  извезла 78,6 GW соларна опрема и компоненти, што е зголемување од 74% на годишно ниво, а остварени се приходи од 25,9 милијарди долари.

china4

Испрати коментар

Scroll To Top