Насловна / Архитектура / Добрите и лоши страни на преместувањето на главниот град

Добрите и лоши страни на преместувањето на главниот град

Преместувањето на државната управа и преносот на титулата „главен град“ се многу чести низ историјата. Најозогласениот  обид на дваесеттиот век е изградбата на Бразилија, распуштањето на крајбрежниот град Рио де Жанеиро и доближувањето на владата до географскиот центар на Бразил. Главниот град на Нигерија е префрлен од крајбрежната метропола Лагос во поцентралниот дел на Абуџа во 1991 година. Во 2005 година, бурманската војска започна со изградба на Нај Пи Тав, нов главен град на Мјанмар, 320 километри северно од Јангон.

Проблемите наведени за постојните главни градови често се исти – пренатрупаност, загадување, пренаселеност, подложни на земјотреси или поплави или несоодветни локации избрани по историска несреќа. Но, дали плановите за релокација всушност се чин на справување со некој од овие проблеми, или се едноставно фантастично бегство на властите во неможноста да ги елиминираат истите на конкретната урбана структура?

4

Градовите во Јапонија и Калифорнија се добро сеизмички подготвени. Холандските инженери, пак дизајнираат системи за отпорност на поплави , додека проблемите на Џакарта со сообраќајот и аерозагадувањето не се нешто што останатите градови не го победувале во минатото. Бангкок и Мексико Сити во последниве децении, успешно се справуваат со сообраќајот и квалитетот на воздухот преку проширување на  урбаните железнички системи.

Поплаките за пренаселеноста се исто така погрешно адресирани. Големината на градот не е инхерентно добра ниту лоша – големите градови изгледаат пренаселени само кога планирањето за развој е лошо управувано. Токио, убедливо најголемиот град во светот, е исто така една од неговите најсофистицирани и најдинамични економии. Лондон, Париз, Сеул и Чикаго се слични по големина на Џакарта и остануваат добро функционални мотори на просперитетот на нивните нации.

Ништо не ја спречува Џакарта да постигне сличен статус, дури и со постоечките трендови на населението, но само ако почне да се справува со проблемите со планирањето директно, а не да ги заобиколува. Нејзината посветеност на јавниот транспорт е очигледно место за почеток. Градот го отвори својот деветти и десетти коридори за БРТ (автобус) во текот на новата година, по неколкумесечно доцнење, но одложува уште пет линии додека не успее да ги собере првите две линии на МРТ (железничка).

5

Како растечка и се повеќе добро управувана економија и четврта најнаселена нација во светот, Индонезија можеби и треба да црпи одредена инспирација од своите поголеми соседи. Пекинг отвора пет нови линии на метрото, а уште четири се планираат за следната година. А Делхи, со својата нова стратегија за инвестиции во инфраструктурата, насилно планира метро систем поголем од Лондон до 2025 година.Во оваа контекст, предлозите за преместување на главниот град се чини дека прилично ја промашуваат поентата.

Земјите кои ги преместуваат своите главни градови во помали градови имаат тенденција да имаат порамномерни урбани системи и, како последица, порамномерен економски развој. Австралија, Бразил, Канада, и САД се пример за оваа шема. Нигерија полека оди по истиот пат. Националните влади кои предолго остануваат во нивниот најголем град почнуваат да ги занемаруваат останатите региони во државата. Како и интеракцијата помеѓу деловните и политичките центри на главните градови и националните лидери предизвикува вторите да го помешаат доброто на градот со доброто на нацијата.

2

Но, може да се запрашаме, дали на една земја веќе и треба нов главен град? Со долгорочното транзитирање на централната власт (монархиите кон плуралистичките демократски институции), повеќе гранки на власта и децентрализацијата во провинции и општини, нема многу причини да се задржи вообразеноста за едно, трајно седиште на власта. „Главниот град“ на Јужна Африка е поделен на три града: администрација во Преторија, законодавен дом во Кејп Таун и судство во Блумфонтејн. Владините функции на Европската унија се расфрлани низ Брисел, Стразбур и Луксембург. Јапонија и Етиопија имаат периоди од нивната историја каде седиштето на моќта се преместувало со секое ново раководство. Информациите, комуникациите и авијациската технологија ги прават современите лидери извонредно мобилни и овие промени постојано ќе доведат до нови дисперзирани институции.

Без оглед на сонот, реевалуацијата на воспоставениот урбан систем и институциите кои го создаваат е оправдана за доброто на земјата. Но, за доброто на нејзините градови, основите на демографската проекција, развојното планирање, инклузивното управување и инвестициите во инфраструктурата мора да бидат во чекор со националната стратегија за развој, без разлика на нивната местоположба.

1

 

Испрати коментар

Scroll To Top