Насловна / Архитектура / Добитници на наградите од Комората за 2018 година

Добитници на наградите од Комората за 2018 година

Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија на 18 декември, традицинално ги прогласи добитници на наградите од Комората за 2018. Свечената прослава се одржа во просториите на КОАИ во присуство на членови на Комората, останати инженери, соработници на Комората и пријатели.

15

Комората на овластени архитекти и овластени инженери додели четири именувани награди за 2018 година.

08

Носител на наградата од Одделението на градежни инженери именувана „професор д-р Александар Цане – Ангелов“ ја доби дипломираниот градежен инженер Проф. д-р Голубка Нечевска-Цветановска.

13

За архитектура, наградата именувана „Професор Борис Чипан“ отиде во рацете на архитект и урбанист Рафаил Влчевски.

16

Инженерот по електротехника Горан Мојсоски ја понесе наградата именувана „професор д-р Станимир Јовановски“.

20

Дипломираниот машински инженер Сашо Николоски ја доби наградата именувана „Проф. д-р Илија Черепналковски“.

23
Дополнително, годинава е доделена и посебна благодарница на Лилјана Настева-Симиџиевска, за придонес во развојот на инженерството во областа на електротехниката.

27

Благодарници се доделија и за 10 години работен однос со докажан успех и придонес во растот на Комората на Оливија Трајковска, Фљутура Хазари и Леонита Чалоска.

26

Исто така и Благодарница на архитект Даница Павловска – Циги, како член на Комората, добитник на наградата „13 Ноември“долгогодишна посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје во сферата на планирање и управување со просторот.

Испрати коментар

Scroll To Top