Насловна / Вести / Добил награда за ВИ фотографија, но е дисквалификуван бидејќи била вистинска

Добил награда за ВИ фотографија, но е дисквалификуван бидејќи била вистинска

Фотографијата од фламинго без глава изгледала како нешто што само вештачката интелигенција може да го замисли. На крајот на краиштата, речиси совршено тркалезната, розова грутка од прерија поставена на две нозе како чепкалки за заби ги имала сите карактеристики на слика генерирана од вештачка интелигенција: необични вибрации, чудни пропорции и делови од телото кои недостасуваат.

Всушност, сликата – во иста мера апсурдна и реална – била толку зачудувачка што освоила награда на конкурс во категоријата за вештачка интелигенција за фотографии во боја. Но, „Ф Л А М И Н Г О Н Е“, како што е насловена, не е создаденана основа на текстуални пораки внесени во алатка за генерирање на фотографии. Наместо тоа, на фотографијата се наоѓа сосема вистински – и не без глава – фламинго што фотографот Мајлс Естри го снимил на плажите на Аруба пред две години.

Фотографијата на Естреј – која го освоила третото место во категоријата генерирани фотографии и наградата за најмногу гласови од публиката – била дисквалификувана откако ја открил вистината. Но, како што Естреј изјави за Вашингтон пост, „Ф Л А М И Н Г О Н Е“ сепак ја исполнил својата мисија: испратил потресна порака до светот кој се бори со сè понапредната, моќна технологија и изобилството на лажни слики што таа ги носи.

„Мојата цел беше да покажам дека природата е толку фантастична и креативна и мислам дека ниедна машина не може тоа да го победи“, изјавил Естреј за Пост. „Но, од друга страна, ВИ сликите напреднаа до тој степен што не се разликуваат од вистинска фотографија. Па каде нè води тоа? Кои се импликациите и замките од тоа? Мислам дека тоа е многу важен разговор што треба да го започнеме под итно“.

Кога станува збор за фотографиите генерирани од вештачката интелигенција, големо внимание е главно насочено кон нивните бизарни резултати: папата облечен во јакна со пердуви во стилот на Баленсијага, Илон Маск кој се сонча на Марс, поплава од фотографии од луѓе со премногу заби или премногу прсти. Сепак, технологијата овозможи и умножување на дипфејкови – слики кои би можеле да се користат за злобни цели, како што се местење избори или ширење дезинформации. Во креативните кругови, ова доведе до дебати за безбедноста на работата и правичниот надоместок. Сето ова резултираше со апели за што поскоро регулирање на користењето на технологиите.

„Технологијата сама по себе не е ниту добра ниту лоша. Туку како ја примениме, нели? Мислам дека сега навистина треба да превземеме нешто, бидејќи во спротивно, ќе биде многу тешко да се фати чекор со тоа“, предупредува Естреј.

Тоа беше делумно една од причините што го поттикна Естреј да се вклучи во овој вид на измама, која беше инспирирана од слични акробации во последниве години. Но, во тие други случаи, сликите генерирани со вештачка интелигенција освоија награди за фотографија – „затоа на ова му пристапив од другата страна“.

Околу две години, 38-годишниот фотограф кој патува низ светот размислувал за „надреалната фотографија на птица која веќе изгледа надреално“ што ја направил на недопрена плажа на брегот на Аруба. Во тој сончев ден, Естреј тргнал околу пет часот наутро со првиот брод кој пловел за мал остров познат по јата фламинга, надевајќи се декаќе има среќа. Кога стигнал таму, ја забележал светло розовата птица „како ја прави својата вообичаена утринска рутина“ и ги средува своите пердуви. „Имав многу среќа да го фатам овој кадар“, вели фотографот.

Во текот на изминатите неколку години, мислел дека птицата со смешен изглед можеби е совршен медиум за неговиот протест против вештачката интелигенција, „но немаше голема конкуренција во оваа категорија“. Можноста се укажала на крајот на минатата година кога Creative Resource Collective го поканиле да учествува на Конкурсот 1839. фотографии во боја, каде жирито се состои од истакнати експерти во оваа област од Центарот Помпиду, Њујорк Тајмс и Гети Имиџис, меѓу другите.

„Се чувствував лошо што ги доведов во заблуда“, наведува Естреј, додавајќи дека им открил на Creative Resource Collective дека сликата не е генерирана од вештачка интелигенција кога организацијата му испратила е-пошта за да му каже дека победил. „И се подразбира дека ја донесоа вистинската одлука кога ме дисквалификуваа за да бидат фер кон другите учесници во таа категорија кои доставија вистински слики на вештачка интелигенција“.

Во изјава за Вашингтон пост, Лили Фиерман, директорка на Creative Resources Collective, вели дека иако организацијата целосно ја цени „силната порака што Мајлс ја пренесе со неговото поднесување“, тој е дисквалификуван бидејќи неговата фотографија не ги исполнувала барањата на категоријата.

Самосталната ВИ категорија, прва во историјата на овој натпревар, посочува Фиерман, „беше наменета да биде простор за уметниците кои работат во овој нов медиум“. На пример, не сакавме луѓето кои патуваат низ светот и снимаат неверојатни животни или пејзажи да се натпреваруваат со вештачката интелигенција“.

Сепак, додала, „се надеваме дека ова ќе ја подигне свеста (и ќе испрати порака за надеж) на другите фотографи кои се загрижени поради ВИ“.

Естреј, чија работа се фокусира на „фаќање на светот таков каков што е“, рече дека не очекувал таква позитивна реакција – ниту стотици „смешни, промислени и искрени коментари“ што ги добил на социјалните мрежи.

„Сите тоа се човечки квалитети кои вештачката интелигенција никогаш не може да се повтори или да се поврзе со нив“, нагласува фотографот. „Мислам дека тоа е прекрасно и тоа е дел од пораката што сакав да ја испратам на почетокот. Всушност, сето тоа заедно е порака“.

Испрати коментар

Scroll To Top