Еден седумдесет годишен италијан доживеал срцев удар, затоа што го обземале емоции додека во галеријата Уфици во Фиренца се восхитувал на ремек-делото на Ботичели, „Раѓање на Венера“, пренесе Дејли мејл. Порталот „Firence Republika“, пишува дека човекот имал среќа бидејќи во галеријата во тој момент се затекнале четворица лекари, кои веднаш му пружиле помош.
Обожавателот на уметноста успешно се опоравува во една фирентинска болница, а директорот на Уфици, Ејке Шмит вели дека не е прв пат некому да се слоши додека се восхитува на „Раѓањето на Венера“ или на „Медуза“ на Караваѓо.
Раскажал дека еден посетител, гледајќи ја „Примавера“ на Ботичели во 2016. година доживеал епилептичен напад, а друг оваа година се онесвестил пред „Медуза“ на Караваѓо.
Иако многумина сметаат дека станува збор за исцрпени туристи, медицината оваа реакција ја неарекува Стендалов или Фирентински синдром.
Феноменот името го добил по францускиот писател Maри Анри Бејл, кој во 19. век пишувал под псевдонимот Стендал.
Станува збор за синдром кој се јавува кај некои луѓе во моментот кога ќе видат некое уметничко дело кое особено им се допаѓа. При тоа, можат да доживеат невообичаени психички и физички симптоми, како несвестица, забразана работа на срцето, вртоглавица.
Стендал, гледајќи ја убавината на фирентинската базилика Санта Кроче, чувството го опишал: „Срцето силно ми чукаше, животот излезе од мене, одев и стравував дека ќе паднам.“
Италијанскиот психијатар Грациела Магерини од фирентинската болница Санта Мариа Нуова, вели дека во периодот помеѓу 1977. и 1986. година имало 106 слични случаи. Многу пациенти се изнесувале од музеите или галериите, бидејќи се онесвестиле, имале вртоглавица, забрзано срцебиење или исцрпеност.