Сопствениците на овој прекрасен апартман во Барселона ја сакаат розовата боја и нејзините нијанси. Внатрешноста е единствена комбинација на нов свеж мебел и vintage детали. Во ентериерот е оставена првобитната висина на таванот, дрвените греди и ѕидовите од тула. Главната спална соба на родителите се наоѓа на првиот кат.
Внатрешноста на ентериерот е забавна: пастелно розова боја на фрижидерот, розова маса и црвен кауч изгледаат многу весели. На првиот кат главна боја е белата, која дозволува лесно додавање на некои стилски шарени детали кои можат добро да се комбинираат. Вториот кат е украсен со истите бои, но и поделикатно.