Во своето соопштение Rolls-Royce Motor Cars го најави својот целосно електричен автомобил наречен Spectre. Извршниот директор на компанијата, потврдил дека готовиот производ ќе се појави на пазарот во последниот квартал на 2023 година. Тој додава дека станува збор за најзначаен ден во историјата на Rolls-Royce од 4-ти мај 1904, кога основачите Charles Rolls и Sir Henry Royce, прв пат с есретнале и се сложиле да го создадат „најдобриот автомобил на светот.“ Интересно е дека Rolls Royce ја користи својата платформа претставена во 2017 година со Phantom, која ја користат Cullinan и Ghost. Покрај најавата на новиот модел, Rolls Royce го покажа и камуфлираниот прототип.