Досега многу пати покажавме дека совеста ни е на ниско ниво. Дури и тогаш кога гледаме (нацртано ни е) и читаме, едноставно се однесуваме како да не ни е грижа, можеби понесени од атмосферата дека секој може се и се е дозволено, а одговорност не се бара од никој.
Конечно сфативме дека на советса не можеме нитшто да и оставиме. Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ ги повикува граѓаните ако забележат автомобил паркиран на место означено за лица со посебни потреби да пријават на телефонскиот број 077 410 002 кај нивните служби. По добивање на повикот, пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.
„ Само со еден телефонски повик ќе им помогнеме на лицата со инвалидитет непречено и нормално функционирање во градот и ќе влијаеме на свеста на возачите да паркираат совесно”- изјави В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески.
Оваа активнот е дел од кампањата „Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“ која има за цел да се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.