Европските лидери се подготвуваат да го означат октомври како краен рок до кој ќе биде донесена одлука за новите климатски и енергетски цели до 2030 година. Во јануари оваа година, Европската комисија ги објави квантифицираните обврски за намалување на емисиите на стакленички гасови од 40% во однос на нивото од 1990 година.
Околу ова прашање и понатаму постојат несогласувања помеѓу земјите членки, бидејќи источноевропските земји предводени од Полска значително зависат од јагленот, и исклучително е тешко да ги достигнат зацртаните цели. Претставниците на тешката индустрија пак, предупредуваат дека Европа повторно ќе изгуби на конкурентноста доколку самата си наметне високи цели за намалување на емисиите, кои остатокот од светот нема да ги следи.
Извор: Reuters