Четиринаесет нови градинки ќе бидат отворени до крајот на годинава во 13 општини во земјава. Со нивното профункционирање, од кои дел од нив ќе бидат готови и во септември, ќе се зголеми капацитетот за сместување деца во државните детски градинки за 750.
Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, вредноста на инвестицијата е еден милион евра. Дел од овие градинки се нови објекти, дел се проширување на постојните капацитети и дел се адаптација на простории во други објекти од образовен карактер. Нови градинки ќе дoбијат Дојран, Демир Kапија, Василево, Босилово, Моноспитовo, кочанско Оризари, Истибања, Kарбинци, Kривогаштани, Могорче, Липково и скопските Ѓорче Петров, Kисела Вода и Сарај.