Насловна / Вести / До крајот на април Адора инженеринг продаде 120 станови

До крајот на април Адора инженеринг продаде 120 станови

Adora Rabotnici na gradilishte
Во првото четиримесечје од годинава градежната компанија Адора инженеринг продаде 120 елитни станови во Скопје и Охрид, или во просек по еден стан дневно. Од компанијата потврдуваат дека тоа е потврда дека прометот на недвижности не само што не опаѓа, туку зборува и за растечки тренд на нивната компанија во однос на продажбата во првото четиримесечје во 2013 година.

„Од почетокот на годинава до крајот на април Адора Инженеринг продаде 7.081 м² станбен простор, што значи дека купувачите го препознаваат повеќегодишното инвестирање во квалитетна градба со примена на европските стандарди, врвната геомеханичка стабилност и асеизмичност на објектите, изградба на економични енергетски ефикасни објекти од А класа, кои се подготвени за енергетски пасош. На драстично зголемената продажба на станови во Адора Инженеринг влијаат и специјалните поволности што на купувачите им ги нуди компанијата заедно со прифатливите станбени кредити со банките, како и проектот „Купи куќа, купи стан“ и поволната бизнис клима во градежниот сектор во Македонија“, порачува  Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, кој потенцира дека темпото на продажба се должи на тоа што компанијата го следи трендот на градбата, што наметнува зголемување на динамиката со нови инвестициони зафати и почеток на проекти за изградба на нови елитни станбено-деловни објекти на атрактивни и ексклузивни локации во Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top