Насловна / Вести / До Град Скопје поднесени 2.860 барања за субвенции за купување велосипед

До Град Скопје поднесени 2.860 барања за субвенции за купување велосипед

На објавениот Јавен повик од Град Скопје досега се поднесени 2.860 барања за субвенции за купување велосипед. Според предвидените финансиски средства за оваа намена во буџетот на Град Скопје, властите информираат дека се преостанати средства за уште околу 300 барања.

velosiped_resize

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50 отсто од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

За субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди во буџетот на Град Скопје за 2018 година, се предвидени 10 милиони денари, од кои девет милиони денари се предвидени за субвенции за велосипеди, додека еден милион денари за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност.

Јавниот повик се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Испрати коментар

Scroll To Top