Насловна / Вести / До 2050 година, времето во Лондон ќе личи на времето во Барселона денес

До 2050 година, времето во Лондон ќе личи на времето во Барселона денес

Благодарение на глобалното затоплување, во наредните децении градовите ширум светот ќе се соочат со значително изменети временски услови, па многу е веројатно дека во 2050 година времето во Лондон ќе биде исто како времето во Барселона денес.

cc20501

Ова го покажува новото истражување на Crowther Lab од Швајцарија, кое се базира на анализа која потврдила дека 77% од светските градови ќе ги искусат ефектите од климатските промени, а кај 22% од нив тоа ќе биде многу сериозно изразено. Најдраматичната промена ќе ги зафати градовите на северната хемисфера, шри што нивната клима ќе наликува на климата денес во местата кои се околу 1000 километри јужно од нив. Истражувачите истакнуваат дека градовите ќе бидат  3.5 °C потопли во лето, и 4.7 °C  потопли во зима. Тоа ќе предизвика Лондон да има клима слична на Барселона, додека Москва ќе потсетува на Софија. Во САД пак, се претпоставува дека  Сиетл ќе има слични времески прилики како Сан Франциско денес.

cc2050

Испрати коментар

Scroll To Top