Насловна / Вести / До 2030 година Европа може целосно да го напушти јагленот

До 2030 година Европа може целосно да го напушти јагленот

Во април годинава, Велика Британија – петтата најголема економија во светот и местото на почетокот на индустриската револуција бна јагленот, за прв пат своите енергетски потреби успеа да ги обезбеди без јаглен во времетраење од 55 часа, а една седмица подоцна го подобри рекордот ан 76 часа. Тоа е најдолг период без јагллен уште од крајот ан 19-тиот век, и многумина прогнозираат дека тоа е почеток на крајот за јагленот во Европа. И покрај воведувањето на систем за тргување со емисиите, како и повластени тарифи за енергијата произведена од обновливи извори на енергија, ЕУ сеуште има околу 280 активни термоцентрали на јаглен. Над 200 се постари од 30 години. Во наредниот период се очекува затворање на голем дел од нив, како резултат на построгите прописи на ЕУ во однос на зажтитата на животната средина. Единаесет држави членки на Унијата веќе ги затвориле или најавиле скоро затворање на сите капацитети на јаглен, а тоа се: Франција до 2023, Италија и Велика Британија до 2025, и Холандија до 2030.

Имајќи предвид дека растечките инвестиции во обновливи извори на енергија, практично ја „јадат“ традиционално евтината енергија од јаглен, не сметајќи ги тука и екстерните трошоци кои јагленот ги предизвикува за целото опшптество, а се предизвикани од загадувањето.

Според извештајот на лондонскиот истражувачки центар Carbon Tracker Initiative, ЕУ би избегнала трошоци од 22 милијарди евра доколку ги напушти термоцентралите на јаглен до 2030 година, во согласност од целите од Парискиот Договор. Carbon Tracker известува и дека оперативните трошоци во индустријата за јаглен би можеле да бидат повисоки од изградбата на ветерните копнени централи до 2024 година, и од соларните централи до 2027 година, заедно со технологиите на складирање на енергија кои уште повеќе би ја намалите потребата од јагленот.

coal1

coal2

coal3

Испрати коментар

Scroll To Top