Владата на Дубаи го објави стратешкиот план на 3D печатење, што значи дека оваа технологија ќе биде за масовна употреба во текот на следните години. Затоа, Дубаи ќе стане лидер во 3D печатење, со што градежништвото во Обединетите Арапски Емирати ќе се подигне на уште повисоко ниво.
Ако се спроведува правилно, со оваа стратегија може да се намалат трошоците во медицинскиот и градежниот сектор, но, исто така, да се преструктурира целосно економијата и пазарот на труд во оваа земја.
Надлежните од Фондацијата Dubai Future, велат дека градот планира да ги намали трошоците за работна сила за 70 отсто, како и намалување на вкупните трошоци за 90 отсто. Стратегијата 3D печатење има за цел да се редефинира продуктивноста и на тој начин да се намали времето потребно за изградба на објектите. Од Dubai Future, велат дека иницијативата ќе се фокусира на производство на осветлување, згради, паркови и седиштата на хуманитарни организации и мобилни домови.
Стратегијата 3D печатење во Дубаи ќе се активира следната година, а се очекува дека до 2025 година една четвртина од зградите ќе бидат 3D печатени.
Во 2015 година, Дубаи ја објави изградбата на првата 3D печатена зграда. Тоа беше Канцеларијата на иднината, зградата која е потпишана од страна на студиото Killa Design, инаку првиот целосно функционален објект креирани со користење на 3D печатење кој денес се користи како седиште на фондацијата. Печатењето на зградата траеше 17 дена. Градењето го карактеризира фасадата со специфична геометрија, додека проектните компоненти се произведени со помош на компјутерски техники за контролирано производство.